Човековиот мозок не е тешко да се залаже, а тоа го докажува и една фотографија која се појави на друштвените мрежи.
Сликата прикажува неколку деца со желка кај нив, а она што збуни многумина, се боите на самата слика…
– Ова е, всушност, црно-бела фоторафија. Но, уметникот ветнал линии во боја низ неа. Вашиот мозок, поради тие линии, го обојува и остатокот од сликата, иако ги нема таму. Погледнете повнимателно, објаснува Твитер-профилот Xeeshan.
Така, доколку вашиот прв впечаток беше дека маиците на децата се зелени, црвени, жолти, сини – не се. Ако ги занемариме квадратчињата во боја, се гледа дека тоа, како и лицата и сé друго на сликата е бело, црно и сиво.
Се работи за оптичка мамка. Сликата не е во боја.