Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека барателите на азил во Европската унија мора да останат надвор од неа додека не се донесе одлука за ова прашање.
„Ако не сме доволно храбри да кажеме дека секој мора да остане надвор од границите додека се решава нивниот случај, тогаш без оглед на сите други одлуки, тоа нема да функционира“, рече Орбан, говорејќи на јавната расправа во Европскиот парламент.
„Ова е црвена линија, ако не го направиме ова, се друго ќе остане нерешено“, додаде Орбан, пренесува унгарската МТИ.
На оваа дебата присуствуваа поранешниот полски министер Матеуш Моравјецки и Фабрис Лежери, поранешен претседател на Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс).