Учеството на изборите во недела е важно не само за да се зајакне актуелната влада, туку и јасно да и се покаже на левицата дека Унгарија само губи поради нивниот став да ја поддржуваат војната во Украина, рече унгарскиот премиер Виктор Орбан во пресрет на изборите за Европскиот Парламент.
Европа и Америка денес се определени за војна. Унгарското лево крило се финансира од странство, а од таму се вртат доларите. Тој што им ги дава парите ја нарачува музиката. Лидерите на унгарската левица се за војна, затоа што нивните сопственици го бараат тоа.
Овие избори не се важни само за да се изјасниме за мир, туку и да ѝ биде јасно на левицата дека што и да им кажат нивните сопственици, тие тука не можат да победат на избори додека се против народот, против јавното мислење и против Унгарците кои сакаат мир, додаде Орбан.