Унгарската владејачка политичка партија Фидес на премиерот Виктор Орбан, го одби ултиматумот на водечкиот кандидат за претседател на Европската комисија Манфред Вебер, лидер на Европската народна партија (ЕПП), воедно и германски европарламентарец и пратеник во Бундестагот, да престане со кампањата против ЕУ, да се извини на колегите од ЕПП и да му дозволи на Централно-европскиот институт на Џорџ Сорос да остане во Будимпешта.
– Од ништо нема да се откажеме. Одбраната на европските вредности и христијани, како и запирање на масовната миграција за нас се поважни од дисциплината на партијата во рамките на ЕПП, порача портпаролот на Фидес.
Трите услови, кои Вебер и ги постави на Фидес, беа понудени за да се избегне евентуално исклучување на владејачката унгарска партија од членството во Европската народна партија.
Досега 13 членки на ЕПП го поддржаа барањето.