Унгарскиот премиер Виктор Орбан свика состанок на Советот за одбрана поради последните случувања во војната во Украина и зголемената закана од ескалација на конфликтот, објави портпаролот на Орбан, Берталан Хаваси.
Орбан, заедно со шефовите и државните секретари на релевантните министерства, советникот за национална безбедност на премиерот и командантот на унгарската армија, ќе ја разгледаат ситуацијата по одлуката на САД да дозволат напади на руска територија со оружје доставено во Украина, јави МТИ.
Ќе се разговара и за одлуката на Москва да ја прошири листата на закани на кои Русија би можела да одговори со употреба на нуклеарно оружје, рече тој.