Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес ја повика претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, да поднесе оставка, откако Судот на правдата на Европската унија на 14 мај ја прогласи фон дер Лајен за одговорна за прикривање информации за договори за набавка на вакцини.

Орбан го објави ова на социјалната мрежа X заедно со фотографија стилизирана како насловна страница на списанието „Тајм“, посветена на повлекувањето на поранешниот американски претседател Џо Бајден од изборната трка во 2024 година, на која има слика од Фон дер Лајен со текст „Време е да си замине“.

Неговиот повик доаѓа откако повеќе од 70 членови на Европскиот парламент ја поддржаа иницијативата за недоверба на фон дер Лајен на 27 јуни. Пратениците дебатираа за предлогот во понеделник и треба да гласаат за него утре.