Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека новите мерки за спречување на ширењето на коронавирусот се воведени „навремено и точно“ и дека „секој живот е важен“.
Тој во интервју за државното радио рече дека унгарскиот здравствен систем може да им обезбеди на сите граѓани пристојна грижа, пренесе МТИ.
Орбан додаде дека владата, со цел да и помогне на угостителската индустрија, ќе го намали ДДВ-то за оброците за носење, што е единствената форма на услуги што рестораните можат моментално да ја обезбедат.
Тој, исто така, соопшти дека владата работи и на „опипливо“ намалување на даноците за следната година.