Унгарија нема да ги прифати парите од посебниот Фонд на ЕУ за помош за отстранување на последиците на пандемијата, доколку помошта е условена со тоа Будимпешта да се откаже од законот со кој се забранува пропагирање на хомосексуалноста меѓу децата, изјавил унгарскиот премиер Орбан, а пренесува српската ТВ Нова.

Во Унгарија на почетокот од овој месец стапи на сила законот со која во училиштата се забранети материјали кои ја пропагираат хомосексуалноста и промената на полот.