Орбан пред пратениците го бранеше политичкиот азил на Груевски

/ 27.11.2018

Политичкиот азил на екс премиерот Никола Груевски меѓу главните теми во унгарскиот парламент.

Одговарајќи ја прашања од пратениците, премиерот Виктор Орбан, повтори дека му е благодарен на поранешниот македонски премиер, за затворање на бегалската рута, и кажа дека Груевски бил прогонуван на меѓународно ниво од Сорос.

Орбан ја оцени и сегашната ситуација во Македонија, како место каде се случуваат, политички игри, а во овие игри, како што кажа, вмешано е и владеењето на правото.

Прашан од унгарската опозиција дали се сретнал со Груевски, Орбан одговори дека немал време да диши, а не пак да се сретне со екс премиерот.


Од истата категорија