Виктор Орбан, премиерот на Унгарија, кажа дека Соединетите Американски Држави мораат да иницираат прекин на огнот во Украина.
Претседателот на Соединетите Американски Држави е единствената личност во универзумот кој може да ги упати двата одлучувачки повици, до Киев и до Москва“, кажа Орбан.
Според Орбан, тој претседател може да биде само поранешниот шеф на Белата куќа Доналд Трамп.
Орбан кажа и дека не го интересираат целите кон кои Русија и Украина
тежнеат во конфликтот, туку дека само сака војната што побрзо да заврши.
Унгарскиот премиер изрази и уверување дека доколку Ангела Меркел сè уште беше канцеларка на Германија, конфликтот немаше да се рашири до толкави размери.