Володимир Зеленски ја критикува унгарската влада за тоа што се спротивставува на испраќањето унгарски војници во Украина за да можат Унгарците да се вратат во ковчези, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Господинот претседател Зеленски зборуваше против нас затоа што Унгарците не сакаат да умрат за Украина… Не сакаме нашите деца да бидат испратени како дел од унгарската армија на украинските фронтови или дури и на украинска територија и да се вратат оттаму во ковчези“, рече Орбан во видео порака објавена на социјалните мрежи.
Унгарскиот премиер додаде и дека владата на земјата е против испраќање унгарски пари во Украина и зголемување на цената на комуналните услуги во Унгарија во случај Украина да се приклучи на ЕУ и да добие зголемено финансирање од заедницата.