Унгарија е можеби првата европска земја што се врати во „нормалниот живот“ по пандемијата на коронавирус убеден е унгарскиот премиер Виктор Орбан.
– Сепак, пандемијата сè уште не е завршена – предупредил Орбан.
Досега, се вакцинирани 4.483.598 Унгарци, а земјата може да ја премине границата од пет милиони минизирани до крајот на мај.
Како што најави унгарскиот премиер може да бидат укинати ограничувањата во врска со свадби и други настани, како и полицискиот час, кој во моментов е во сила од полноќ до пет часот наутро.
– Обидот да ги одвратите луѓето од земање вакцина или да ширите недоверба кон одредени производи е повеќе од обична грешка – заклучува унгарскиот премиер.