Унгарската влада повторно воведува вонредна состојба поради епидемијата на коронавирусот, која стапува на сила на полноќ, и ќе трае 90 дена, објави премиерот Виктор Орбан.
Баровите и местата за забава се затвораат и се воведува ноќен полициски час. Училиштата, продавниците и рестораните остануваат отворени, пренесува Ројтерс.
Орбан преку видео порака на Фејсбук објави дека вонредната состојба ќе трае 90 дена, пренесува МТИ.