Од почетокот на следната година во Унгарија ќе стартува таканаречената програма „Златна унгарска виза“, која ја одобри Владата на премиерот Виктор Орбан. Тоа е уште една практика која нема да му се допадне на Брисел.
Со купување на недвижен имот во Унгарија, инвеститорот ќе добие право на десетгодишен престој во земјата, а ќе добие и унгарски пасош, што ќе му овозможи неограничено движење во Шенген зоната. Условот е купување на недвижен имот во вредност од најмалку половина милион евра.
Друга опција за добивање на десетгодишна дозвола за престој и унгарски пасош е да се инвестираат најмалку 250.000 евра во инвестициски фондови за недвижнини издадени од Унгарската народна банка. Третата опција е јавна донација од најмалку еден милион евра.
Тоа е уште една практика која може да ја налути Европската Унија.
Имено, во унгарскиот закон не е наведено дека оваа практика не важи за граѓаните на Руската Федерација и Белорусија.
Но, Русите и Белорусите секако можат да влезат во Европската Унија преку Унгарија од јули оваа година. Тие можат да се регистрираат во земјата како странски работници со национална лична карта и потоа да уживаат во слободното движење во рамките на Шенген.
Унгарија одлучи од 8 јули 2024 година, државјаните на осум земји – Босна и Херцеговина, Македонија, Белорусија, Молдавија, Црна Гора, Руската Федерација, Србија и Украина – ќе можат да работат на нејзината територија под поволни услови.
Барањето за издавање на национална лична карта може да се поднесе две години, но потоа може повторно да се аплицира за продолжување на важноста секој пат за уште три години без дополнителни ограничувања.
Додека украинските и српските гастарбајтери претходно ја користеа Националната картичка, од 8 јули картичката беше проширена на апликанти од осум земји, вклучувајќи ги Русија и Белорусија.
Како што истакнува порталот Index.hu, најголем интерес за оваа програма досега покажале граѓаните на Кина.
– Кинезите се уште се заинтересирани за недвижен имот во главниот град, истакна Оран Бен-Езра, експерт за продажба на недвижности во Будимпешта.