Орце ЃОРЃИЕВСКИ
Еколошка хаварија се случи во Кисела Вода, градот Скопје да постапи!
Објект за производство на стиропор во Пинтија, со елаборат за заштита на животната средина издаден и одобрен од страна на ГРАДОТ СКОПЈЕ на 31.12.2021 година со број 08-10300/4, поради истекување на хемикалии користени за потребите на производството, во текот на денешниот ден направи хаварија во овој дел на општината.
Од наша страна, иако не е во рамки на нашите надлежности, а во соработка со екипите на Противпожарната бригада од Скопје, обезбедивме пилевина и песок како најдобра солуција против пролизгување во вакви случаи на хаварија.
Инспекторите од Кисела Вода веднаш излегоа на терен и констатираа протекување на хемикалии од вентил при дефект, кои се користеле за производството.
Апелирам до градот Скопје кој го издал елаборатот за работа и до сите надлежни институции да преземат мерки согласно Законот, во рамки на своите надлежности!
Граѓаните немаат причина за вознемиреност, бидејќи од наша страна се преземени сите мерки за заштита.