Орце ЃОРЃИЕВСКИ
Невладиниот сектор, партнер на градот!
Денеска остварив средба со дел од невладините организации и Здруженијата на граѓани од Скопје – луѓето кои најдобро ги познаваат потребите на нашиот град и секојдневните предизвици на скопјани.
Разговаравме во отворена и позитивна атмосфера, со искрен муабет за проблемите од минатото, но уште поважно, со конкретни идеи и решенија за иднината.
Врз основа на добрите европски практики, споделија значајни предлози во областа на животната средина, хигиената, социјалната заштита, културата, младите, за лицата со инвалидитет, ретки и хронични болести и многу повеќе.
Секое нивно размислување внимателно го забележав и со гаранција ќе биде дел од мојата програма која заедно ќе ја пишуваме.
Верувам дека вистинскиот пат е партнерски однос – заедничка работа, почит и визија за достоинствено Скопје.
Во мене секогаш ќе имаат пријател и човек за искрена соработка.
Нашиот град заслужува повеќе.
Заедно ќе го вратиме достоинството и ќе го изградиме Скопје какво што сите сакаме!
Еден од првите приоритети на градот Скопје ќе биде проширување на булеварот ,,Цветан Димов”.
Денеска, заедно со кандидатот за градоначалник на Општина Чаир Изет Меџити, заменик-министерот Ѓоко Велковски и пратеникот Беким Сали, извршивме увид и го најавивме проектот за решавање на деценискиот проблем со булеварот ,,Цветан Димов”.
Секојдневно, повеќе од 100.000 граѓани ја користат оваа делница која ги поврзува Чаир, Бутел, Шуто Оризари и Центар, но за жал досега сите ветувања од поранешните градоначалници останаа само зборови.
По големата победа во октомври – со поддршка од сите наши сограѓани, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи и други, една од првите задачи ќе биде токму оваа.
Скопје заслужува безбеден и функционален булевар, а нашата цел е тоа да се постигне со сериозна работа и многу труд.
Свесни сме во каква состојба се наоѓа градот и затоа сме тука да ја направиме разликата, да ги ставиме во функција запоставените јавни претпријатија, да ја исчистиме депонијата во која се претвори, да го надминеме сообраќајниот хаос и да донесеме вистински решенија за безбеден, чист и достоинствен град