Бизнисмениот Јордан Камчев, пред еден месец побарал и добил од Кривичниот суд спојување на двете затворски казни. Наместо по една година затвор за двете пресуди во „Плацеви на Водно“ и „Империја“ намалени му се за 4 месеци. Тој од пред три дена е на слобода, бидејќи во казните му се пресметани и деновите поминати во ефективен притвор од вкупно 11 месеци и времето поминато во домашен притвор, пренесува ТВ Телма.
Во затворот во Струга, Камчев помина четири месеци и шест дена. Во затворот во Шутка, помина месец и половоина, а потоа уште десет месеци. Останатиот период го има поминато во куќен притвор.
Одбраната на Камчев потврдува дека барањето е испратено од пред еден месец до Кривичниот суд, а очекувано добил кратење на казната со спојување, бидејќи законот предвидува изрекување пониска казна од 1 до 6 месеци при спојувањето на две или повеќе затворски казни.
Камчев призна вина во случајот „Империја“ каде се спогоди со обвинителството. Тој плати и 5 милиони евра. Во случајот „Плацеви на Водно“, Камчев беше осуден на казна од една година за делото „перење пари“.