Организаторот на протестот против „заклучувањето“ во кое беа повредени петмина полицајци, а 29 демонстранти беа уапсени, се соочува со парична казна од 10.000 фунти, соопшти денеска лондонската полиција.
Како организатор на демонстрациите е идентификувана една жена, јави британскиот дневен весник „Гардијан“.
На вчерашниот протест во главниот град на Обединетото кралство се собраа околу 150 лица, кои маршираа низ неколку делови од градот, во моментот кога беше објавено дека Лондон и југоистокот на Англија одат кон четврто ниво на ограничувања.
На демонстрациите имаше неколку судири меѓу полицијата и немаскираните демонстранти, кои извикуваа: „Ние бараме слобода“.
Полицијата соопшти дека протестот го загрозил здравјето на жителите на Лондон и дека уапсените биле обвинети за кршење на прописите за здравствена заштита.