Прво, треба да знаете дека постојат многу нешта кои може да предизвикаат проблеми со дишните органи, како што се: алергии, астма, штетни микроорганизми, па дури и вдишување на различни загадувачи.
Најчестите симптоми и знаци кои предупредуваат на респираторни проблеми се: застој во градите, отежнато дишење и иритирани назални патишта итн. Ако сте ги искусиле овие знаци на предупредување, познато ви е колку тие можат да бидат вознемирувачки.
Затоа, треба да знаете дека овој моќен и неверојатен зачин – ориганото, е моќна алатка која може многу да помогне за здравјето на белите дробови.
Ефикасно, сигурно и безбедно, органското оригано е природно богато со карвакрол, флавоноиди и терпени; од кои сите се природни деконгестиви и антихистаминици.
Постапка за приготвување на чај од оригано:
Чајот можете да го приготвите од свежи или суви листови од оригано (од Билна аптека или продавница за здрава храна, или уште подобро, ако си го одгледувате дома).
1 ½ лажичка оригано
1-2 лажици мед
1 шолја вода