Директорот на Македонскиот културен центар во Албанија, Златко Ориѓански на Фејсбук се пофали дека прекрасно се чувствува во Тирана.
– Сонце од милион долари и кафе од 70 леки. Јануари, пиеш кафе надвор по палто, тоа е среќа, ќеиф од живот, тоа е Тирана, љубов моја, објави Ориѓански на својот профил.
Ориѓански беше еден од блиските соработници на бившиот премиер Зоран Заев, кој долго чекаше да ја добие оваа функција во Тирана. И конечно му се исполни желбата и се чувствува среќен и реализиран човек.