Четири лица загинаа, а едно е повредено при оружен напад во бизнис зграда југоисточно од Лос Анџелес, Калифорнија, соопшти рано утрово американската полиција.
Меѓу убиените има и дете за кое не се знае зошто се наоѓало во момент на инцидентот во просториите на деловната зграда.
Напаѓачот е ранет како одговор на полицијата која излегла на местото на инцидентот.
Детали за мотивот за нападот засега не се познати.
Десет лица беа убиени во напад во супермаркет во американската држава Колорадо минатата недела, додека осум лица загинаа од истрели од огнено оружје пред две недели во државата Џорџија.