Оштетените штедачи од Еуросандард банка бараат одговорност и во соопштение испратено до медиумите наведуваат дека „сега или малку подоцна, одговорост мора да има и парите мора ни се вратат“.
-Повеќе од јасно е дека Трифун Костовски, Коста Костовски и Николче Петкоски се тројцата првотимци од ограбената Еуростандард банка кои свесно ја иницирале, организирале и спровеле масовната кражба на нашите депозити и средства на тековни сметки во банката. Нивните потписи, колективни или индивидуални, се наоѓаат на документите со коишто ги одобриле ненаплатливите кредити на стотици избрани фирми во десетици милиони евра со однапред направен план за да истите не се вратат. Но, недоволно јасно е зошто гувернерката Анита Ангеловска Бежоска, која е законски надлежна и обврзана да ги штити депозитите на граѓаните и фирмите во банките, ги оставила да крадат и дозволила сега да бидеме целосно ограбени. Уште повеќе, кои се мотивите на гувернерката Бежоска јавно да не лаже дека нашите депозити се сигурни и безбедни и тогаш кога веќе знаела и донела одлука дека за кусо време ќе ја затвори банката, наведуваат во соопштението.
Дополнуваат дека „состојбата врие во редовите на оштетените“.
-Кражба, игнорирање и толерирање на организиран криминал нема да помине. Агонијата мора да престане, порачуваат оштетените штедачи на Еуростандард банка.