Осигурената штета од Ковид-19 од 44 милијарди долари е меѓу највисоките трошоци за осигурениците по оние поврзани со ураганот Катрина и нападите на 11 септември, објави денеска Howden Insurance Brokers.
Ураганот Катрина предизвика штета од речиси 90 милијарди долари во 2005 година, додека терористичките напади врз САД речиси 50 милијарди долари.
На трето место е Ковид 19, иако 44 милијарди долари е повеќе од половина од износот што експертите за осигурување и реосигурување го очекуваа пред две години, на почетокот на пандемијата.
„Првичните проекции од 100 милијарди американски долари за осигурена штета од ковид сега не изгледаат веројатни“, заклучија во Howden во извештајот. Оттогаш осигурениците го иззеmaa Ковид од многу полиси за осигурување.
Во Howden додаваат дека цените на реосигурувањето во сегментот на имотна штета се зголемиле за девет отсто на 1 јануари на годишно ниво, најмногу од 2009 година.