Во Долби театарот во Лос Анџелес вечерва ќе се одржи 91-та церемонија на доделување Оскар, награди од Американската академија за филмски уметности и наука.
Во категоријата за најдобар филм оваа година, беа номинирани осум филмови.
Фаворити со по 10 номинации се сметаат британскиот филм „Миленичка”, црна комедија за политички интриги и игри на моќ на дворот на кралицата Ана во 18 век и „Рома”, носталгичен преглед на животот на домашна помошничка во дом од средна класа во Мексико Сити. „Миленичка”, исто така, доби три номинации за актерски награди.
Сепак, бројот на номинации не гарантира дека некој ќе добие награда за најдобар филм, бидејќи за него гласаат 8.200 членови на Академијата од различни области, вели сценаристот и режисер Мареј Хорвиц.
Седум номинации има филмот „Црниот Пантер”.
“Ѕвездата е родена“ доби осум номинации, додека филмот за групата Квин „Боемска рапсодија” беше номиниран за најдобар филм, а Рами Малек за најдобар актер.
Дизниевите „Incredibles 2″ и “Ralph Breaks the Internet” се во трката за најдобар анимиран филм.