Американскиот глумец и оскаровец Махершала Али за интернет-емисијата „Мајнд пауер микстејп“ раскажа како во 2008 година од религиски причини одбил да сними секс-сцена за потребите на филмот „Занимливиот случај на Бенџамин Батон“.
Партнерка во тој филм, што беше номиниран и за неколку Оскари, му беше Тараџи Хенсон.
– Tака, мојот стар агент ми се јави и ми рече: „Махершала, ja доби улогата“. Јас си велам – „Има само една работа… Таа една сцена, каде што се бакнуваат… Ако има и сцена со секс, јас не можам да го сторам тоа, раскажува Али.
Глумецот е роден 1974 година, како Махершалалхашбаз Гилмор, во христијанско семејство, но 2000 година тој прејде во ислам. Веќе седум години е в брак со Аматус Сами-Карим.