Организаторите во Осло ја откажаа годишната Парада на гордоста, која требаше да се одржи денеска, по пукањето во геј бар ноќеска, во кое две лица беа убиени.

Организаторите соопштија дека полицијата ги советувала да ја откажат и парадата и придружните настани.

Полицијата во Норвешка работи на претпоставката дека смртоносното пукање е поврзано со тероризам. Од таму изјавија дека напаѓачот, норвешки државјанин со иранско потекло, веројатно сакал да шири страв.

Репортер кој бил сведок на нападот рекол дека видел човек со торба како пристигнува на местото на настанот, извадил пиштол и почнал да пука. Во нападот освен двајца убиени, има и 21 повредени, од кои 10 потешко. Брзо по тоа, осомничениот е уапсен.