Таа, наводно, беше уапсена претходно денеска во истрагата за финансиски малверзации од страна на Шкотската национална партија (СНП).
„Жената (52) која беше уапсена претходно денеска во врска со истрагата за финансиски малверзации на СБО е ослободена без обвинение во очекување на натамошна истрага“, се наведува во соопштението на шкотската полиција, пренесуваат британските медиуми.
Старџен, која на почетокот на април поднесе оставка на функцијата прва министерка и лидерка на СНП, е третото лице кое е уапсено како дел од операцијата „Branchform“, истрага на шкотската полиција за наводи дека партијата анонимно потрошила повеќе од 600.000 фунти (700.000 евра) од донациите за кампањата за независност.
Нејзиниот сопруг, Питер Марел, поранешен извршен директор на СНП, беше уапсен на 5 април во нивниот дом во Адингстон, во близина на Глазгов, и беше испрашуван 12 часа пред да биде ослободен без обвинение, пишува Гардијан.
Полицијата извршила претрес во нивната куќа и градина, а по наредба извршила претрес во седиштето на СНП, документи и компјутери.
Колин Бити, член на шкотскиот Парламент, а потоа и партиски благајник, беше уапсен и сослушан во истата истрага на 18 април, а подоцна беше ослободен без обвинение.