На овој ден минатата година РС Македонија стана 30 полноправна членка на НАТО и со тоа се исполни една од најважните стратешки цели на државата, која што не само што ја смени позицијата на државата на меѓународната политичка и безбедносна арена, туку ја смени и регионалната политичка и безбедносна динамика, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.
– И сите ние и граѓаните треба да бидат горди затоа што оваа генерација овозможи на наредните генерации да им се остави во наследство, стабилна, безбедна и просперитетна држава. Но, исто така вчера одебележавме уште еден јубилеј, а тоа е 20 години од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, што ни укажува дека ни претстои уште една стратешка цел која што треба да ја исполниме, а тоа е членството во ЕУ, истакна Османи на прес-конференција по тематскиот работен состанок со шефовите на македонските дипломатско-конзуларни претсавништва акредитирани во земјите членки на ЕУ и постојаните претставништва во Унијата и НАТО.
Тој нагласи дека токму и затоа денеска ги повикал нашите амбасадори, односно шефовите на дипломатско конзуларните претставништва од земјите членки на ЕУ за да разговараат за две прашања – за НАТО, но и за почетокот на преговорите за членство со Унијата.
– Пред нас претстои еден сериозен прозорец на можност за да се надминат сите пречки коишто го попречувааат влегувањето во втората и последната фаза од процесот на членство во ЕУ, а тоа е почетокот на преговорите. Треба да ги слушнеме ставовивте на нашите амбасадори во сите земји членки, за да се подготвиме за една сериозна дипломатска офанзива која што ќе овозможи постигнување на консензус на 27-те земји членки за почеток на преговорите и за усвојување на текстот за преговарчаката рамка со основната порака дека РС Македонија испорача, а сега е на ред да испорача ЕУ, додаде Османи
Шефот на дипломатијата нагаласи дека на состанокот се разговарало за јасните насоки за активностите во следните два-три месеца, кои како што рече, се важни со цел да се консезус во ЕУ во пресрет на самитетте на Унијата.
Османи додаде дека амбасадорите ќе имаат можност да разговараат и со претседателот на државата Стево Пендаровски, со премеирот Зоран Заев и со вицепремието за европски прашања Никола Димитров.
– Мислам дека ова е важна активност која што ќе внесе нова енергија, нова динамика во нашата дипломатска активнсот, со цел да се искористи оваа можност и да ги почнеме преговорите во јуни, додаде Османи.