Oд владата ќе почекаат уште неколку дена ВМРО ДПМНЕ да делегираат свои претставници во работната група за уставни измени. Ако нема одговор, крајното решение е, СДСМ да почне директни преговори со опозициските пратеници при што ќе ги убедуваат да гласаат „за„, без уцени.Тврдат дека, токму на ова се однесувала и изјавата на Османи, кој рече дека, уставни измени ќе има, со или без Мицкоски.
Министерот не сакаше да објасни на што поточно мислел, ниту, пак, го открива резервниот план.
„Имаме план Б. Не можам да ви го претставам резервниот план, затоа шти инаку не би бил стратегија. Но, ви гарантирам дека, доколку не се реализира планот А, ќе се реализира планот Б.
Османи даде и нова понуда – местото премиер Албанец да им го отстапат на ВМРО-ДПМНЕ, ако гласаат за измените. Опозицијата веднаш го одби предлогот.
Од партијата го повторија ставот дека, се подготвени да гласаат за уставните амандмани, но со одложено дејство, односно да стапат во сила кога за Македонија ќе биде донесена одлука да стане членка на ЕУ.
Предлог измените се во Министерството за правда и во следните неколку недели ќе бидат доставени во парламентот.