Најостро го осудувам убиството на полициски службеник на должност на северот на Република Косово, изјави македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи.
– Моето сочувство до семејството и пријателите на убиениот офицер и најдобри желби за брзо закрепнување на повредените. Овој чин на насилство мора да биде темелно истражен и гонет. Стабилноста и безбедноста на Косово нема да бидат нарушени од акти на насилство. Безбедноста на граѓаните е пред сѐ, објави османи на својот профил на Фејсбук и на другите социјални мрежи.
Како што објавивме, разно изутрина во Косово од непознати лица би убиен еден припадник на полицијата, а еден е ранет.