Водителката Бесмира Ејупи е вработена во Министерството за надворешни работи (МНР), потврди денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи на прес-конференцијата по одржаниот брифинг со новинарите.

Тој призна дека од Министерството за политички систем биле преземени вкупно 13 соработници, вклучувајќи ја и тв-презентерката Ејупи.

– Дел од соработниците беа преземани преку систематизацијата, односно преку К5 програмата, а дел преку директна спогодба. Точна е информацијата, но Ејупи е поставена на позиција соработник во протокол и тоа е почетна позиција во МВР. За да бидете назначени на таква позиција воопшто не ви ни треба си-ви. Такво нешто ви е потребно доколку напредувате од почетната позиција. Во моментов имаме оглас за 16 нови соработници, па кој сака да работи во дипломатијата може слободно да се пријави – рече Османи на прес-конференцијата.

На прашањето дали Ејупи сосема случајно се нашла во групата од 13 соработници кои преминале од Министерството за политички систем во Министерството за надворешни работи, Османи рече дека е сосема случајно и дека не гледа никаков проблем зошто посоченото лице не би требало да се вработи во МНР.

– Не гледам ништо спорно во процесот. Кажете ми една работа којашто е спорна. Во МНР работат над 450 луѓе. Секој може да се вработи доколку ги исполнува условите за тоа. Еве, и вие, новинарите, доколку сакате да се вработите на почетна позиција во МНР, слободно пријавете се на огласот. А подоцна, кога ќе почнат и за вас да прашуваат како сте се нашле таму, јас повторно ќе излезам на прес-конференција и ќе речам дека нема ништо спорно – им се обрати министерот на новинарите.

Додека сум јас министер, додаде Османи, лицето Бесмира Ејупи нема да биде кандидат за конзул.

– Личноста не е кандидат за конзул, туку помлад соработник, почетничка позиција во МНР. А веднаш по шпекулацијата дека ќе го заземе местото конзул, Ејупи била вработена во Општина Петровец, каде што градоначалникот доаѓа од опозицијата. Затоа не ми е јасна нивната позиција. Потоа Ејупи оди во Министерството за политички систем, па преку скоро преземање во МНР – појасни Османи.