Mинистерот на ДУИ Бујар Османи денеска на прес конференција беше прашан како на парламантарните избори во 2016 година ДУИ влезе во влада со СДСМ иако таа партија не победи, со што беше нарушено правилото „победник со победник“, Османи одговори дека новинарите и граѓаните не ја разбираат суштината.
„Рамковниот договор има механизам за заштита на немнозинските заедници, а не е создаден заради мнозинската заедница. И затоа, покрај 61 пратеник како мнозинство, се бара и бадентерово мнозинство. Оттука се јалови сите обиди да се потцени волјата на немнозинското население“, рече Османи.
„Што доколку некој формира влада без ДУИ, обезбедувајќи 61 пратеник, беше прашан Османи?
„Тоа е веќе навредливо прашање, затоа што без двојно мнозинство, според Рамковниот договор не може да има функционално Собрание и Влада и не се однесува само за Албанците, туку за сите немнозински заедници“, рече Османи според кого изборите ќе бидат референдум за соживот.
„Тоа во ниеден закон не го пишува, туку се вели дека тој што има мнозинство пратеници, составува влада“, му беше поставено како реплика ново прашање на Османи.
„Дали треба да земам табла и да нацртам? Нема влада без бадентерово мнозинство и без тоа не може да има функционално мнозинство за формирање на влада, тоа е во духот на Рамковниот договор, двојното мнозинство го има во уставните измени и нема потреба да го пишува во закон или да се прават законски измени“, рече Османи.