Министерот за надворешни работи Бујар Османи на маргините на 17-ти Бледски стратешки форум насловен „Владеење на моќта или моќта на правилата“, денеска се сретна со Лоранс Бун, државна министерка за Европа во француското Министерство за Европа и надворешни работи.
-Отпочнувањето на пристапните преговори со ЕУ во јули годинава е успешна приказна и С. Македонија и за ЕУ, бидејќи се испрати силна порака дека интеграцијата на регионот е прашање од геостратешки интерес за ЕУ, истакнал Османи на средбата.
Тој на својот профил на Фејсбук напиша дека за време на разговорот со Бун, упатил благодарност за ангажманот на францускиот претседател Макрон и на француското претседателство со Советот на ЕУ за надминување на блокадата на нашиот евроинтегративен пат, што ја покажува посветеноста на Франција на европската перспектива на нашата држава.