Угур Шахин, основач на Бионтех, кои со фајзер ја развија вакцината против Ковид-19, смета дека вирусот ќе биде под контрола во повеќето европски земји и САД до крајот на летото.
„Во многу европски земји и САД, повеќе нема да ни требаат општи затворања до крајот на летото“, изјави тој за германскиот весник Велт ам Зонтаг.
„Ќе има епидемии на вирусот, но тоа ќе биде бучава во позадина. Ќе има мутации, но нема да не исплаши“.