Обвинител од италијанскиот град Болцано отвори истрага во која главна осомничена е мајката на едногодишното бебе кое во петокот почина по пад од балкон од третиот кат во местото Понте Гардена во Италија, пренесува порталот Фактор.
Станува збор за семејство по потекло од Македонија. Починатиот Ајас Ибушовски имал само 14 месеци. Настанот се случил вечерта во 19 часот.
Италијанските медиуми пишуваат дека бебето паднало од висина од околу десет метри пред влезот во зградата. Карабиниери, пожарникари, лекари и екипа за итни случаи интервенирале на самото место. Ајас веднаш бил качен во хеликоптер со кој бил пренесен во болницата во Болцано. Таму лекарите му пружиле прва помош, но повредите биле премногу сериозни, па детето со хеликоптер било транспортирано во Клиничкиот центар во Верона.
Не се откриваат детали, односно како се случило детето да е само на терасата и да падне, па затоа првичната истрага ќе ја испитува околноста и однесувањето на мајката во случајот.
Врз телото на бебето ќе биде извршена аутопсија.