Еден од осомничените за помагање на убиството кај ТЦ „Мавровка“, по кого интензивно трагаше полицијата, попладнево сам се предаде во ПС Кисела Вода.
Идентитетот на осомничениот не се открива.
Од МВР не соопштуваат повеќе детали во врска со овој најнов момент во случајот. Велат дека за тоа што ќе произлезе од постапката со второосомничениот ќе информираат дополнително.
Кривичниот суд попладнево одреди 30-дневен притвор за првоосомничениот за убиството. Второто приведено лице, пак, е ослободено, откако истрагата до овој момент не утврди негова поврзаност со грозоморниот чин.