Рускиот претсеадател Владимитр Путин изјави денеска дека и Русија го прекинува учеството во Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ).
– Ќе постапиме на следниот начин. Нашиот одговор ќе биде реципрочен. Русија прекинува со негова примена, нагласи Путин.
– Американските партнери соопштија дека стопираат нивно учество во Договорот. И ние тоа ќе го направиме. Објавија дека се занимаваат со развој на ново оружје, и ние тоа ќе го направиме, изјави тој на состанок со министрите за надворешни работи и за одбрана Сергеј Лавров и Сергеј Шојгу.
Тој додаде дека Русија нема да се вмеша во нова трка во вооружувањето и побара да не се иницираат преговори со САД за прашањето за разоружување иако оцени дека сите досегашни предлози остануваат на сила.