Актерот Остин Батлер (33) и моделот и ќерка на Синди Крафорд, Каја Гербер (23), наводно ја прекинале својата врска. ТМЗ во вторникот објави дека Батлер и Гербер ја завршиле својата тригодишна врска на крајот на 2024 година.

Фановите почнаа да се сомневаат дека нешто не е во ред кога Каја беше видена како се одмора во Мексико со своето семејство без Остин. Изворите тврдат дека тие се во добри односи и дека раскинувањето било пријателско.

Според нив, на врската, едноставно, по неколку години природно ѝ дојде крајот. Веста за раскинувањето објаснува зошто Каја не го донела партнерот на патувањето во Лос Кабос, иако брат ѝ Присли Гербер бил придружуван од неговата девојка Изабела Џонс.

На патувањето им се придружија и нивните родители, Синди Крафорд и Ранде Гербер.