Портпарол на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави синоќа дека администрацијата на САД нема да го постигне саканиот резултат откако најавија санкции за Анкара ако не ослободат американски пастор кој е во притвор.
– САД треба да размислат за своите потези и да прифатат конструктивен став, пред да нанесат повеќе штета на своите интереси и на сојузништвото со Турција, изјави портпаролот Ибрахим Калан.
Американскиот претседател Доналд Трамп и се закани на Турција со „големи санкции“ ако „веднаш“ не го ослободи американскиот пастор осуден за тероризам кој за Вашингтон стана симбол на верски прогон во светот.
– Никој не може да и наредува на Турција. Нема да трпиме ничии закани, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
За Трамп американскиот пастор Ендрју Брунсон е „голем христијанин и татко на семејство“ кој „силно страда“.
– Тој недолжен верник мора веднаш да биде пуштен на слобода, објави на Твитер откако ја критикуваше минатонеделната одлука на турски суд кој одлучи да го задржи во притвор додека трае судењето што почна во пролетта.
Брунсон беше притворен во Турција во 2016 година.