Запознајте го островот на зачини на кој времето тече поинаку, сите учтиво се поздравуваат, а попладне пијат чај… пишува Нешнал џиографик.
Култура и религија
Занзибар е полуавтономна област и остров во Индиски Океан. Иако официјално припаѓа на Танзанија, речиси во сите аспекти – политика, религија, култура, па дури и во храна – се разликува од таа држава.
На источниот брег на Африка и островите живее народот Свахили – кој го зборува истоимениот свахили јазик. И додека во континентална Танзанија живеат и христијани и муслимани и староседелци, на Занзибар. Каде со векови владееше Оман, населението е речиси во целост муслиманско. Денес, во поголемиот град села и градови каде Свахилите се мнозинство, џамиите се основа на животот и се проповеда ислам. Меѓутоа, некои заедници внесуваат елементи на традиционалните африкански верувања во својата религија.
Занзибар е база за трговците кои доаѓаат од Африка, од Индија и од арапските земји, а најмногу се тргува со зачини, а локалното население се занимава со земјоделство и во риболов. Занзибар има свој претседател и законодавни тела, па населението воопшто е чувствува дека припаѓа на Танзанија.
Мерење на времето
Во свахили културата, новиот ден почнува пред излезот на Сонцето, а не на полноќ, што значи дека седум часот на утро, кај нив всушност е еден часот, а седум часот навечер е еден часот навечер. Кај нив ова мерење функционира бидејќи излезот и залезот на Сонцето се релативно константни во текот на цела година, бидејќи Занзибар е во близина на Еквадор.
Поздравот е многу важен
На туристите им е многу збунувачко – бидејќи имаат предрасуди и мислат дека жителите сакаат нешто да им продаде. Меѓутоа, тоа не е така. Поздравите се дел од нивната култура. Најчесто ги користат поздравите „Мамбос“ и „Јамбос“, додека „Схикамо“ се упатува на некого што помалку го познаваат.
Камен Град
Овој древен град во 2000 година е прогласен за споменик на културата од страна на УНЕСКО. Овој шармантен град всушност е прав мал лавиринт, иако постојат неколку улици немаат име, всушност никој не ги користи имињата.
Бавност
Во Занзибар животот тече бавно. За некој што доаѓа од страна, нивната дневна рутина, како работното време, немаат секогаш смисла.
Сезона на дождови
Занзибар има две сезони на дождови: долга и кратка. Долгата трае од март до мај, но веднаш потоа следи долго и топло африканско лето. Сезоната на кратки дождови односно краткотрајни врнежи се случува во ноември и декември.
Вкусовите на светот
Занзибар во текот на вековите сменил многу владетели, а таквата историја придонесе за создавање на една од најинтересните африкански кујни. Смешани се индиската, арапската, португалската и африканската традиција на готвење, а сето тоа со присуство на голем број зачини, според кои Занзибар го доби епитетот „Остров на зачините“. Мускатното оревче, циметот, црната пиперка и каранфилчето овде се домашен вид.
Култура на пиење чај
Најчесто чајот го пијат кога ќе зајде Сонцето, а еден од најпопуларните е тангвизи – односно чај од ѓумбир со ванила.
Нема лавови, слонови и жирафи
Танзанија е позната по сафарите кои го одземаат здивот, но не и Занзибар. Во Занзибар, светот на диви животни се наоѓа под вода.