Речиси осум часа пред ракетниот напад врз базите во Иран, изведен на 8 јануари, американските и ирачките војници биле предупредени и побрзале да ги преместат опремата и персоналот во заштитени бункери.

До полноќ ниту еден борбен авион или хеликоптер не останал на отворено, изјави еден разузнавачки извор за британските медиуми.

Втор разузнавачки извори наведува дека се чини оти американските војници го знаеле и точното време на нападот и дека биле сосема свесни за тоа дека базите ќе бидат нападнати по полноќ.

Кога ракетите конечно паднале во базите, во 1,30 часот по полноќ, тие погодиле „празни бункери“, што биле евакуирани со часови претходно, наведува изворот.

Во текот на нападот никој не загина, ниту беше повреден.

Британските медиуми проценуваат дека ваквите тврдења се дополнителен доказ дека иранскиот напад е една од налошо чуваните тајни во модерното војување, но и дека и натаму е мистерија зошто тоа така се изведе.

По падот на ракетите неколку американски медиуми пренесоа изјави на американски претставници дека нападот бил нешто повеќе од предупредување, што на Иран му овозможило да ги задоволи повиците во земјата за одмазда за воздушниот напад на САД врз Ирак, во кој беше убиен генералот Касем Сулејмани, а и премногу да не ризикуваат и да предизвикаат нови напади од САД.

Други, пак, повикувајќи се на извори од САД и арапските земји, пренесоа дека Иран го предупредил Ирак за нападпот, а потоа Ирак таа информација им ја проследил на Американците