На Бајрам и на неговиот син им е поднесена кривична пријава за насилство откако пред два дена повредиле шанкер и кршеле инвентар во ресторан на булевар „Словенија“ во Скопје, додека биле на семејна роденденска прослава…
„Оштетениот одбил на еден од присутните гости на прославата да му даде чинии за кршење… Во тој момент, осомничениот се упатил кон шанкот и со рака замавнал кон шишињата и чашите, фрлајќи ги кон лицето на оштетениот… Оштетениот успеал да се заштити со рацете, по што осомничениот започнал да го удира со боксови во пределот на главата. Кон ударите се придружил и неговиот син, а за цело време двајцата осомничени упатувале пцовки и закани кон нападнатото лице., стои во соопштението на Обвинителството.
Габриел Бајрам минатиот месец беше спроведен во полициска станица, откако не се одзвал на поканите да даде исказ за копањето криптовалути, во подруми во ГТЦ…