Вечерва излезе веста за хаосот со Ковид-19 во екипата на Џенова.
Имено, во Џенова се потврдени дури 14 случаи (8 фудбалери). Со оглед дека следи натпреварот со Косово на 8. октомври Спортски.мк го контактираше капитенот Горан Пандев кој потврди дека тој не е помеѓу заразените.
„Јас сум негативен, но во екипата има многу позитивни. Хаос е утре ќе имаме тестови и се надевам дека се ќе биде во ред“, ни изјавил Пандев.