Осум лица се повредени во сообраќајна несреќа која вечерва се случила на патот Гостивар-Тетово, после клучката „Камењање“.

Во несреќата учествувале две патнички возила.

Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи потврди дека сообраќајката се случила во 20:05 часот.

-Во несреќата учествувале автомобил „Мерцедес“ со австриски регистерски ознаки и автомобил „БМВ“ со тетовски регистерски ознаки. Повредените лица се пренесени во Клиничката болница Тетово за укажување лекарска помош, вели Реџепи.

Сообраќајот се одвива по една коловозна лента поради полицискиот увид.