Најмалку осум тони злато се изнесени минатата недела од трезорот на венецуелската Народна банка. Тоа го тврди опозициски пратеник и тројца владини извори.
-Златото било изнесено со владини возила меѓу средата и петокот минатата недела кога во банката немало редовно обезбедување, а директорот на институцијата Каликсто Ортега бил во странство, изјави пратеникот Анхел Алварадо и тројцата извори.
– Тие планираат да го продадат незаконски, изјави Алварадо во интервју.
Централната банка не даде коментар тие информации. Не е јасно каде е испратено златото.