Во германски суд денеска почнува предметот против осуммина тинејџери, обвинети за групно силување на 13-годишно девојче во југозападниот град Фелберт.
Момчињата, на возраст од 14 до 17 години се обвинети дека го пресретнале девојчето, кое се враќало од базен, ја одвеле во шума и ја силувале додека не ги прекинала жена, која случајно минувала.
Момчињата се од бугарско потекло, но само шест од нив ќе се појават денеска пред суд. По извршувањето на делото, двајца од нив избегале во Бугарија, но таму биле уапсени и ним ќе им се суди одделно.
Обвинителството тврди дека против момчињата има убедливи докази, вклучувајќи и видео-запис од делото, кој го снимал едниот од нив. Исто така, има ДНК примероци земени од жртвата и сведочење на жената која го прекинала силувањето