Актуелниот потпретседател на БЕСА Аријанит Хоџа заедно со пратеникот Бастри Бајрами и нивните подржувачи се отцепуваат од матичната партија.

Од денеска ќе дејствуваат како посебна политичка формација по најавите за соеднинување на Движењео Беса, Алтернатива и новото движење на Изет Меџити во т.н опозициски блок.

Според Хоџа кој е поранешен министер за земјоделие со нивното здружување ја одржувале на власт оваа политичка гарнитура, а тоа било спротивно на политичкиот курс за кој се залагале во БЕСА.

-Поделбата се случува поради убедување, не поради калкулации, моќ или позиции внатре во партијата, изјави Аријанит Хоџа.

Хоџа потенцираше дека преку нивниот пратеник кој веќе во Собранието дејствува како независен ќе ги поддржат уставните измени за да се отвори патот на земјава за членство кон ЕУ.