Отев Димитар АРСОВСКИ

Инспирација за текстот ми беше песната Comfortably Numb (удобно згрчен) од Pink Floyd, ама со латинскиот термин звучам по интелектуално.

Шала настрана, ова е една скромна апологија за тоа дека како Црква имаме и тоа какво право да се „мешаме“ во некои одлуки, конкретно одлуки кои не не загрижуваат само како Црква, туку како и општество.

Одиме од почеток. Пак и пак да бидеме на чисто дека Црква НЕ Е фирма во која работат епископи, попови и ѓакони, Црквата по дефиниција е заедница на луѓе кои веруваат во Христос. Нема црква без свештенство и без верен народ.

Црквата иако не е од одвој свет, таа постои овде и сега, егзистира низ времето и просторот, зема активно учество во целокупниот општествен живот со сите права кои и се нудат, но и со сите обврски. Знам дека звучи парадоксално и дека за секој оној што не е во Црквата ова ќе му е смешно, ама тоа е таа нелогична логичност.

Црквата е таа која детектира и го има правото да се спротивстави и со прст да покаже кон некоја морална ерозија… која може да метастазира низ самата Црква и целото општество. Свештенството е од народот, и како такво треба да биде пример на љубовна жртва токму за тој народ кој му ставил печат на свештенството извукувајќи „достоен“, па од тука се влечи тој легитимитет и власт да се пофали или да се спротивстави на одредена одлука која ја донесуваат народните власти кои се избрани од тој ист народ.

Токму затоа сме и повикани да се спротивставиме на ваквите лукави закони кои се донесуваат со европско знаменце и ни се даваат како подарок кој е убаво завиткан во блескав целофан со панделка, а внатре е вирусот.

Сексуалната определба е нешто интимно и лично, и никој, ама баш никој нема право да се меша во постелата на другиот, но манифестно, а истовремено и да се глуми мачеништво заради неприродноста на одредена страст е крајно расчовечување и разнебитување на личноста. Нема човек кој нема страсти, но борбата со нив е лута, борбата се состои во воздржување и подвиг и со достојно носење на тој крст.

Love is love е навистина убав слоган, но е лицемерен! Да, секоја љубов е љубов, ама гледано низ Вашата идеологија само љубовта кон Бога и татковината е десничарство, затуцаност и христофашистичи радикализам како што милувате од пред некој ден да кажете.

За законот нема што да се повторуваме, со аргументи сте разбиени и тоа на Ваши карти.

Какво време дојде поповите да ви држиме предавање по биологија, а не обвинувате за инквизицијата (која до душа не е спроведувана од православните) и за тоа дека сме против науката. Парадокс врз парадокс, сами си пукате во колено плукајки на науката на која цело време се повикувате и не исмејувате. What a time to be alive!
Нема да се седи комфорно згрчено и во постсмртна здрвеност (тоа значи терминот rigor mortis)!

Се гледаме во четврток, искористувајќи го демократсткото право на протест, но и обврската да биде мирен.
Пуштете си ја Comfortably Numb, убава песна е, плус ми е омилена од Pink Floyd.