Отец Димитар АРСОВСКИ

Слегувањето на Светиот Дух (Педесетница – Духовден) историски настан и на овој ден апостолите се исполниле со радост и се преобразиле, и од плашливи, станале неустрашливи, а од смртни луѓе, станале богови по благодат. Со овој настан започнува проповедта на апостолите за Христос низ целиот свет и затоа некои овој ден го нарекуваат и нејзин роденден.

Црквата не е класична институција, Црквата не е збир на свештеници кои работат во фирма, Црквата не е социјална установа, Црквата не е слугинка на политички структури и системи, Црквата не е од овој свет и од ова време иако транзитира низ нив, Црквата е над сето ова бидејќи е заедница на верните, и Црквата ако не беше водена од Светиот Дух ништо немаше да остане од неа!

БОГ СЕ ЈАВИ!

Р. Ѕ. Од овде е произлезена симболиката со роденденските свеќички. Во стихот пишува: им се јавија разделени јазици, како огнени… Тие јазици кои слегнале врз апостолите биле како пламенчиња (види на иконата на Педесетница), а пламенчињата од роденденските свеќи ги симболизираат токму овие огнени јазици (пламенчиња) кои слегнале врз апостолите.