За сите погубни, понижувачки и предавнички договори го говореа истото: „НИКОЈ НЕ ГУБИ САМО. . .“, а скоро се изгубивме! Ни остана уште семејството, душата, нешто нормалност и достоинство, ама и тоа сакаат да ни го земат!
А и ова, ако министерката со сериозност го кажала она дека „никој не губи“, тогаш не ја разбрала вистинската цел на предлог законот за родова еднаквост, а и не се информирала колку спроведувањето на истиот ќе го чини секој Македонец!
И за крај, волку организација, волку вложени средства во неколку невладини ораганизации, пропаганда, лобирање, купување, застрашување, и сето тоа САМО ЗА ПРАВАТА НА, околу сто, ТРАНСПОЛОВИ лица во Македонија, ВИ СЕ МОЛАМ!
Позната ни е големата слика! Јасна ни е целта на РОДОВАТА ИДЕЛОГИЈА! Се ова е далеку од нечии човекови права, но блиску до задкулисните цели на некои глобални политички и идеолошки центри на моќ!
Ако не е така, ги повикувам јас, о. Ивица Т. претставниците на оваа идеологија во Македонија на ЈАВНА демократска ДЕБАТА да ме демантираат!
Мила ми е демократијата, но уште по мила ми е вистината!